„Мигрос супермаркет АГ“, која е оддел за супермаркети на компанијата „Мигорс“, ја најави новата организациона структура која ќе се имплементира од 1 јули годинава.
Ваквата одлука која има за цел да се поедностават процесите и јасно да се дефинираат улогите внатре во компанијата, ќе доведе до укинување на 150 работни места.
Сакаме да бидеме поедноставни брзи. Свесни сме дека отказите се стресни за оние кои се погодени, од кои многумина се наши долгогодишни колеги. Важно ми е, на вработените кои се погодени од оваа одлука да им дадеме целосна и компетитвниа поддршка во нивната професионална преориентација, изјави Петер Диетхелм, извршен директор на компанијата.
Од компанијата истакнуваат дека во соработка со внатрешните и екстерните партнери, веќе смислие план за ублажување на ефектите од отпуштањата на вработените.
Вработените кои ќе бидат отпуштени од работа ќе добијат индивидуални поволности кои ќе зависат од работниот стаж и возраста.
Покрај тоа, тие ќе имаат поддршка од страна на секторот за човечки ресурси и специјализираните надворешни партнери во барањето на нови позиции внатре и надвор од компанијата.
Извор: ESM magazine
Фото: „Мигорс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.