Свет

Малта: „Еуроспин“ го отвори својот прв супермаркет

20 May 2024

 Малта се приклучи на малопродажната мрежа на италијанскиот малопродажен синџир „Еуроспин“, која освен во матичната држава, присутен е во Словенија ( со 57 продавници) и Хрватска ( каде што има 20 продавници).

 Малопродажниот синџир на крајот на април ја отвори својата прва продавница во Малта, во Моста, на околу 17 километри од главниот град, Валета.  Супермаркетот е на површина од 1.400 квадратни метри и ќе опслужува 19.000 жители.

 Компанијата има во план да отвори најмалку пет продавници во Малта и има за цел да има вкупно 12 продавници на целиот остров.

 За да може да управува со својата работа во Малта, „Еуроспин“ преку своајта хрватска подружица основа две локални фирми, „Еуроспин Малта реал естејт“ и „Еуроспин Малта“.

 Како и во сите продавници на компанијата, целта е да се овозможи брзо и едноставно купување, а најновите продавници на „Еуроспин“ во просек се имаат површина од 2.000 метри квадратни.

 „Еуропспин“ засега има над 1.200 продавници на четири пазари, а приходите на компанијта во 2022 година достигнале до 9,3 милијарди евра.

 

Извор: INB2B Media

Фото: „Еуроспин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...