Компанијата „Делез“ во ракмите на најновата кампања привремено го промени своето име во „Белез“, со цел да ја истакне важноста на локалните производи.
Слоганот на компанијата„Изберете локално, изберете „Белхаизе“, кој ќе трае еден месец, е инспириран од престоечките избори во Белгија.
Компанијата покрај тоа ќе вклучи и посебни акции како и постери низ своите продавници со слоганите „За подобро општество“, „Поблиску до граѓаните“ итн.
Ги повикуваме нашите купувачи да ни се приклучат во славењето на богатството и квалитетот на белгиските производи, изјави Ксавиер Пиесва, извршен директор на „Делез“.
Оваа кампања воедно е и трета кампања која компанијата оваа година ја посветува на белгиските произведувачи давајаќи поддршка за локалната економија, соопштуваат од компанијата.
Извор: ESM magazine
Фото: „Делез“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.