Свет

САД: „Волмарт“ лансира нова трговска марка

13 May 2024

„Волмарт“ ја лансира новата приватна трговска марка под името Bettergoods, во која поголемиот дел до производите ќе бидат поевтини од пет долари.

 Bettergoods за нас е повеќе од приватна трговска марка, таа ја претставува посветеноста во уживањето во единствените кулинарски вкусови по неверојатни цени за нашите потрошувачи, изјави Скот Морис, потпретседател за приватните трговски марки во „Волмарт“

 Асортиманот од оваа приватна трговска марка вклучува 300 производи, во над 50 категории, како што се кафе, супи, чоколада, млечни производи и др.

Овие производи можат да се поделат на три групи: „Кулинари експириенс“, во кој се вклучени зачините и намирниците за готвење, „Плант басед“, каде што е вклучена храна на растителна основа и „Мејд витаут“, во кој се вклучени производи за потрошувачи кои се чувствителни на производи како глутен или шеќер.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Волмарт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...