„Лидл“ ќе ги зголеми платите на вработените во продавниците и магацините во Португалија до 10 отсто, објави компанијата.
Зголемувањето на платата ќе стапи на сила во јануари 2024 година, како дел од заложбата на дисконтерот да понуди конкурентна вредност за вработените и потенцијалните кандидати, додаваат од компанијата.
Со овој потег „Лидл Португалија“ ќе инвестира 6,5 милиони евра во зголемување на платите, а мерката ќе важи за повеќе од 90 отсто од вработените во оперативниот оддел.
„Да се биде конкурентен и да се грижиме за нашите луѓе е еден од нашите приоритети. Тие се нашиот главен фокус бидејќи без нив „Лидл Португалија“ немаше да биде тоа што е денес. Фактот дека можеме да го објавиме ова зголемување на платите е од суштинско значење за нас, бидејќи продолжуваме да гарантираме создавање стабилно, квалитетно вработување, што веруваме дека прави разлика“, вели Марија Роман, администратор за човечки ресурси за „Лидл Португалија“.
„Лидл“ вработува околу 9.000 луѓе и има 270 продавници во Португалија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.