Компанијата објави дека ќе ја спои својата деловна единица „подготвена храна“ со цел комбинираните единици да продолжат да се фокусираат на „градење на брендот, оперативната извонредност и на проширување на пазарот“.
Во исто време, заедничката единица ќе се фокусира на подобрување на брзината и агилноста на работењето на компанијата.
Мелани Боулден, која моментално ја извршува функцијата генерален менаџер за развој во „Тајсон фудс“, ја презема дополнителната улога на претседател на единицата „подготвена храна“. Боулден сега ќе биде задолжен за широкото портфолио на производи кое ги вклучува брендовите: Tyson, Jimmy Dean, Hillshire Farm i Ball Pa.
Создавањето унифициран тим низ единиците за подготвена храна ни дава моќ да ги предвидиме и да одговориме на деловните предизвици со поголемо влијание. Остануваме посветени на поттикнување на пристап насочен кон потрошувачите кој ќе не води напред и ќе ни помогне да ја исполниме нашата стратегија, рече Боулден.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.