„Пепсико“ почна со изградба на фабрика за грицки во Индонезија, со што го означува своето враќање во најголемата економија во Југоисточна Азија по разделбата со локалниот партнер пред две години.
Подружницата на „Пепсико“ и „Индофуд“, единица на најголемата индонезиска прехранбена компанија „Индофуд груп“, го завршија своето 30-годишно партнерство во 2021 година без да наведат причини.
„Индофуд“ ги произведуваше брендовите нкако што се Lay's, Cheetos и Doritos.
Фабриката, која е дел од обврската на „Пепсико“ да инвестира 200 милиони долари (183,9 милиони евра) во Индонезија во текот на 10 години, се очекува да почне со производство на грицки до 2025 година.
Бидејќи гради нова фабрика без локален партнер, компанијата се обврза да набавува најголем дел од суровините за своите грицки, вклучувајќи пченка и палмино масло, од одржливи извори и користење обновливи извори на енергија.
Се вчитува следна вест...