„Ајсланд“ лансира повеќе од 500 нови приватни трговски марки и брендови на производители.
Вредноста и разновидноста отсекогаш се многу важни за нас. Најновиот асортиман од стотици производи, од кои многу производи не можат да се најдат на друго место, е доказ за нашата посветеност да им помогнеме на купувачите да заштедат пари кога им е најпотребно, ссопштуваат од „Ајсланд фудс“.
Новата линија на смрзната храна вклучува комплет производи за скара, комплет состојки за чизбургер со сланина, ракчиња со пуканки, овошно кари, чизкејк од јаболка и од цреши...
„Ајсланд“ го прошири и асортиманот на производите TGI Friday, кои отсега вклучуваат веганско пилешко, корн-дог со кечап и сенф, карамел бисквити и др. Покрај тоа, трговецот ги воведе и новите производи на „Марс“: чизкејкот Galaxy Cookie Crumble, питата со колачиња M&M, макаронсите од чоколадо и портокал и многу други иновативни производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.