За да прослави 60 години од работењето во Ирска, „Шпар“ оваа година ќе засади 20.000 автохони ирски стебла на шест локации, како дел од својата „Шпар тим трее“ иницијативата. Целта на иницијативата е поттикнување на биодиверзитетот со идеја за 100 години овие стебла да израснат во зрела храстова шума.
Садењето на стеблата „Шпар“ го финансира преку својата национална добротворна програма, каде завршуваат дел од приходите од продажба на одредени производи од приватните трговски марки на трговецот.
Покрај тоа, „Шпар“ е спонзор и на Националниот ден на дрвото во октомври, кога децата од основните училишта доаѓаат да засадат дрво на своите училишни терени.
„Шпар“ - Ирска е дел од иницијативата One Tree Planted на „Шпар интернационал“, во рамки на која се засадени над 31.000 стебло ширум светот и се собрани повеќе од 37.000 евра во донации.
Извор/Фото: Spar
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.