Свет

Холандија: „Лидл“ ја прошири кампањата против фрлање храна на целата мрежа

13 Jul 2023

Корпи со натпис „Не ме фрлај“ од сега ќе бидат достапни во сите продавници на „Лидл“ ширум Холандија. Во нив ќе има свежо овошје и зеленчук кое веќе не може да се продаде, а е погодно за употреба.

Овој потег на трговецот истовремено значи и крај на партнерството за спречување фрлање храна со организацијата Too Good To Go. Дисконтерот продаде речиси две милиони кутии преку оваа апликација во последните три години. 

Во последните години научивме многу за тоа како можеме да заштедиме уште повеќе храна. За тоа, меѓу другото, придонесе и нашата успешна соработка со Тoo Good To Go. Затоа торби со натпис „Не ме фрлај“ лансиравме директно во продавниците и ги оптимизиравме процесите за што повеќе овошје и зеленчук да може да се сочува од отпад. За 3 евра нашиот купувач добива здрав оброк и ни помага во борбата против фрлањето храна, соопштија од „Лидл“ - Холандија. 

Компанијата од 2018 година за 31 отсто ја намали количината на фрлена храна, а целта ѝ е до 2030 година да достигне цифра од 50 отсто.  

Извор: esmmagazine
Фото: Lidl



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...