Свет

„Континенте“ лансира нов асортиман производи за деца

11 Jul 2023

Португалскиот синџир супермаркети „Континенте“ претстави нов асортиман производи за појадок и ужина за деца. 

Овој асортиман, нутритивно избалансиран, е дел од приватната трговска марка на трговецот под називот Equilibrio и се состои од житарки за појадок, јогурт, овошни сокови и збогатено млеко.  Од „Континенте“ соопштија дека асортиманот е развиен по спроведените студии и консултации во соработка со потрошувачите, додека во тестирањето на производите учествувале повеќе од 500 деца. 

Како родители, бевме пред предизвикот да развиеме нутритивно избалансирани производи формулирани посебно за деца, без компромиси во поглед на вкусот и со атрактивно пакување, поттикнувајќи ги најмладите на здрав избор на исхрана. Значи, избравме производи кои децата најмногу ги сакаат - топчиња или звезди од житарки, пакувања сок или млеко - и развивме нутритивно избалансирани рецепти кои ги задржуваат добриот вкус, соопштија од „Континенте“. 

Извор: esmmagazine
Фото: Continente



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...