„Амазон“, гигантот во е - трговијата, ќе ги лансира своите први европски комбиња на американскиот производител на електрични возила Rivian во Германија во текот на следните недели, во рамки на долгорочните планови за електрификација на својата транспортна мрежа.
Со тоа, околу 300 електрични комбиња ќе излезат на патиштата во Минхен, Берлин и Дизелдорф, како дел од флотата од 100.000 возила нарачани од истиот производител.
Трговецот досега вложи повеќе од милијарда евра во електрификација на својата флота во Европа, од кои 400 милиони евра се наменети за возилата во Германија.
„Амазон“ е посветен на достигнување нулта емисија на јаглерод диоксид до 2040 година. Лани испорачавме повеќе од 45 милиони пакети во Германија со електрични возила и е - карго велосипеди, а овие нови комбиња ќе ни помогнат да испорачуваме пакети на поодржлив начин и до поголем број купувачи, соопштија од „Амазон“ - Германија.
Компанијата првично почна да користи Rivian комбиња во САД минатата година и сега има повеќе од 3.000 комбиња кои испорачуваат пакети во повеќе од 500 американски градови и региони.
Извор: esmmagazine
Фотo: Amazon
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.