Новото издание пакувања на Pepsi вклучува посебно издание лименки Pepsi и Pepsi Zero Sugar сокови на кои се прикажани илустрации на мачки.
Мачките се илустрирани како прават различни активности, на пример играат игри или слушаат музика. Од компанијата соопштија дека ова е првпат некое животно да се појави на амбалажата на Pepsi сокови.
Овој потег следуваше по истражувањата со кои се докажало дека мачките во моментов се најпопуларни животни меѓу младите.
Ограничените пакувања се достапни во сите „Тмол“ супермаркети ширум Кина.
Извор: Dieline
Фото: PepsiCo Design and Innovation
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.