Свет

„Морисонс“ ќе отвори уште 350 продавници

23 Jun 2023

Продажбата на „Морисонс“ порасна за 1 отсто во вториот квартал од годинава бидејќи трговецот се фокусира на ширење на малопродажната мрежа. Вкупната продажба на синџирот супермаркети, без гориво, изнесуваше 3,7 милијарди фунти, што е зголемување од 3,1 отсто, но пониската продажба на бензинот и дизелот значеше намалување на вкупната продажба за 0,9 отсто, на 4,5 милијарди фунти. 

Од компанијата велат дека сега сакат да се фокусираат на отворање нови продавници. Сега бројат 650 „Морисонс деили“ продавници, од кои 400 се поранешните „МкКоли“ продавници.  

Видовме и значајни подобрувања во клучните параметри како што се задоволството на купувачите, достапноста и вредноста за дадените пари, соопштија од „Морисонс“. 

Во вториот квартал од годината трговецот отвори 170 нови продавници и сега очекува дека до крајот на годината ќе има околу 1.000 продавници, со што очекува да има „значително подобра позиција во британската малопродажба“. 

Извор: Grocery Gazette
Фото: Morrisons



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...