„Лидл“ соопшти дека е првиот супермаркет во Велика Британија кој почна да користи рециклирана пластика за своите шишиња за вода, која е собрана од плажите во југоисточна Азија. Новите шишиња за минералната вода San Celestino што ја продава трговецот ќе содржат најмалку 30 отсто рециклирана пластика, што инаку би завршила во океанот.
Со 12 милиони продадени шишиња годишно, се очекува дека иницијативата ќе спаси речиси 100 тони пластика годишно - да не влезат во океаните.
За потсетување, „Лидл“ во 2020 стана прв супермаркет во Велика Британија кој воведе амбалажа за храна користејќи рециклирана пластика во рамки на истиот овој проект. Трговецот од тогаш ја користи оваа пластика за својот асортиман свежа риба, живина, колбаси и производи од свежо овошје, спречувајќи со тоа повеќе од 15 милиони пластични шшиња годишно да влезат во океанот.
Загадувањето на океаните со пластика е горлив проблем за животната средина и се очекува до 2050 година дека во океаните може да има повеќе пластика од риби. како пионири во интеграцијата на рециклираната пластика во нашата амбалажа во 2020 година, од тогаш доследно ги градиме и унапредуваме нашите напори и горди сме што сега иницијативата ја прошируваме и на нашите шишиња за вода. Се надеваме дека со овој потег ќе инспирираме и други трговци во индустријата, соопштија од „Лидл“.
Извор: Grocery Gazette
Фото: Lidl
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.