Свет

Stella Artois отсега и без алкохол

09 Jun 2023

Првпат во 600-годишната долга историја на производство на пиво, светски познатите белгиски пивари создадоа пиво без алкохол и со ниска енергетска вредност.

Според компанијата, новиот рецепт за безалкохолно пиво Stella Artois е внимателно дизајниран.

Новото пиво без алкохол се карактеризира со изразена горчина на хмељ, чист, освежителен вкус добиен од природни состојки и сето тоа со помалку калории.

Како што велат, белгиските експерти овој пат го искористиле своето знаење и вековното искуство за да одговорат на сè поголемите барања на современиот пазар, бидејќи категоријата пиво со 00% алкохол постигна значителен пораст во последните години, додека во исто време потрошувачите ја изразуваат својата желба за зголемување на одговорното консумирање алкохол.

Безалкохолно пиво Stella Artois може да се најде на полиците во лименки од 0,5 л.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...