Свет

Ирска ќе воведе здравствена декларација за алкохолни пијалaци

23 May 2023

Ирска стана првата земја во светот која ги обврза производителите на алкохолни пијалоци да напишат на етикетата колку калории и грами има пијалокот, дека постои ризик од рак и заболување на црниот дроб, како и опасност од пиење за време на бременоста.

Ирскиот министер за здравство Стивен Донели го потпиша законот и рече дека е среќен што и другите земји ќе го следат овој пример, што ги загрижи италијанските производители на вино и луѓето во некои земји од ЕУ, објави „Гардијан“. Законот ќе стапи на сила на 22 мај 2026 година и ќе им даде време на компаниите да се прилагодат на политиката, која ги следи постоечките правила за храна и пијалaци, рече Донели.

Производителите на алкохол ќе мора да прикажуваат информации и предупредувања на пакувањето и да ги насочат потрошувачите на веб-страницата на ирското Министерство за здравство за повеќе информации за консумирањето алкохол.

Слични информации ќе бидат задолжителни во пабовите, рестораните и другите објекти кои служат алкохол.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...