Свет

„Хајнекен“ лансираше платформа за поврзување на гејмерите

28 Apr 2023

„Хајнекен“ и „Ле паб Бразил“ креираа платформа чија цел е да ги поврзе гејмерите ширум светот под називот Beer Matchmaking.

Платформата ги спојува гејмерите на основа на нивните интереси, омилени видео игри и преференци кога се во прашање видео игрите, овозможувајќи им заедно да играат игри како што се Fortnite, Valorant, FIFA 23, LoL и Destiny 2.

За да го прослави лансирањето, „Хајнекен“ креираше посебни, колекционерски изданија на своето пакување за пиво, по примерот на четири различни режими на игра: MOBA (Multiplayer Online Battle Arena), FPS (First Person Shooter), Sport и RPG. Пакувањата содржат кју-ар кодови што играчите ги упатуваат на платформата Beer Matchmaking и можат да се купат онлајн или во супермаркетите ширум Бразил. Лансирањето на новата платформа е дел од пошироката кампања „Not All Nights Out Are Out“ која има за цел да докаже дека гејмерите не се анти - социјални како што обично се мисли и да им помогне на љубителите на видео - игри ширум светот да се запознаат и да се поврзат. 

Оваа платформа тежнее да го реши проблемот со кој играчите се соочуваат кога не можат да најдат партнер за игра на едноставен и интересен начин. „Хајнекен“ уште еднаш ја исполнува својата цел да ги поврзува луѓето, дури и на различни платформи. Beer Matchmaking е дел од поголема кампања која покажува дека пријателствата се можни и онлајн и низ видео игри, соопштија од маркетинг секторот на „Хајнекен“ во Бразил.  

Извор: Little Black Book
Фото: „Хајнекен“ 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...