Свет

Компаниите за брза испорака ги зголемуваат трошоците

21 Mar 2023

Под притисок на инвеститорите и акционерите во овие инфлаторни времиња, операторите за брза испорака и е-продавниците внимателно ја испитуваат нивната структура на трошоци.

Доставувачите што испорачуваат производи до последната милја сè повеќе прибегнуваат кон спојувања и аквизиции за да ја прошират географската покриеност и да ја зајакнат позицијата во сè поконкурентниот пејзаж.

„Кажу“ го купи „Флинк“, „Горилас“ (кој беше купен од „Гетир“) го купи „Фришти“... Освен тоа, имаше и голем број отпуштања. Се чини дека следниот чекор е воведување дополнителни трошоци за нарачките. На пример, „Гетир“ во Келн и во Минхен тестира фиксна „такса за услуга“ од 0,45 евра по нарачка, покрај таксата за испорака.

Експертите веруваат дека компаниите за брза испорака едноставно не можат да продолжат да наплаќаат пониски давачки.

Во Велика Британија „Амазон“ го зголеми минималниот износ за бесплатна испорака во текот на истиот ден за 50%. Новата минимална големина на кошница сега изнесува 60 фунти (68 евра). Компанијата, исто така, почна и бран на кратења на работните места, најавувајќи дека ќе отпушти 18.000 работници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...