Свет

Екоманипулацијата е под лупа

21 мар 2023

На крајот од месецов Европската комисија има намера да го претстави нацртот на Директивата за зелени побарувања.

Со оваа директива на компаниите ќе им биде дозволено да продаваат производи како еколошки или климатско неутрални само ако можат да ги докажат тврдењата. Ќе има ригорозни научни барања како потврда за секое еколошко огласување и методологијата мора да биде јавно достапна.

Нацртот навлегува во многу поединечни аспекти, на пример, контроверзното тврдење „климатски неутрално“. Во него се наведува: Секое тврдење поврзано со климата што се потпира на неутрализација на емисиите на стакленички гасови мора да го наведе и степенот на неутрализирање. Освен тоа, ако се даде зелено ветување, но неговото остварување резултира со значително негативно влијание во друга категорија, заедно со ветувањето мора да се пренесе и негативното влијание.

Во Велика Британија регулаторот за конкуренција ќе разгледа дали компаниите погрешно ги означуваат производите како „одржливи“ или „подобри за животната средина“. Новата истрага за екоманипулација ќе опфати производители на храна, пијалаци, средства за чистење, средства за нега и лична хигиена. Главните играчи во секторот се големи мултинационални производители на А-брендови, како и производители на трговски марки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...