Свет

„Унилевер“ го напушта пазарот во Русија?

10 Feb 2023

Британско - холандскиот гигант „Унилевер“ пријави пораст на нето - добивката и приходите во 2022, но и пад на приходите на своето работење во Русија. Нето - профитот за минатата година изнесуваше 7,64 милијарди евра, во споредба со 6,05 милијарди евра во 2021, соопштија од компанијата. 

„Унилевер“ забележа раст на продажбата во сите категории производи. Приходите од продажбата на козметика скокнаа за 20,8 отсто, во сегментот за производство на лична нега цифрата е зголемена за 15,9 отсто, производи за домаќинството за 17,3 и храна за 6,1 отсто. Во сегментот производство на сладолед продажбата порасна за 14,8 отсто. 

Во Русија компанијата вработува повеќе од 3.000 луѓе и оствари 1,4 отсто приходи и 2 отсто нето добивка во 2022. Вредноста на имотот во Русија, вклучувајќи четири фабрики, беше проценета на околу 900 милиони евра на крајот на минатата година.  

Минатиот март компанијата објави дека ќе престане да увезува и извезува производи во Русија, како и дека ќе го стопира капиталот во двете насоки. Постои ризик дека „Унилевер“ нема да може да го продолжи работењето во Русија, што ќе доведе до пад на профитот и приходите, предупредија од компанијата. 

Минатогодишните расходи вклучуваат отпис од 42 милиони евра што се однесува на имотот во Русија и Украина. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...