„Пепсико“ најави дека ќе инвестира 7,5 милиони евра во изградба на нов биодигестер во Португалија, кој органскиот отпад ќе го претвора во биогас.
Како што соопштуваат од компанијата, овој проект го одразува нивниот фокус на одржливоста и намалувањето на емисиите на јаглерод.
Биодигестерот, исто така, ќе придонесе за намалување на потрошувачката на гас, овозможувајќи да се користи биогасот произведен при процесот на анаеробна дигестија.
Новиот биодигестер ќе има капацитет годишно да конвертира повеќе од 21.900 тони органски отпад во 4.818.000 нм3 биометан, што е еквивалентно на 30% намалување на емисиите на јаглерод во текот на производствениот процес.
Од „Пепсико“ велат дека во април годинава ќе почне изградбата на биодигестерот на посебна локација на вкупна површина од 420 квадратни метри.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.