Синџирот супермаркети „Билла“ - Бугарија, дел од германската „Реве груп“, ќе вложи 40,9 милиони евра во својата мрежа продавници и отворање на второ складиште оваа година.
Со тоа, компанијата за првпат ќе воспостави присуство на шест бугарски локации. Исто така, во првата половина од 2023, „Билла“ ќе покрене и онлајн продажба.
На почеток ќе покренеме платформа со ограничен домет во Софија, а за во иднина планираме постепено ширење во другите градови во земјава, соопштија од „Билла“ - Бугарија.
Покрај тоа, повеќе од 32 милиони евра ќе бидат вложени во реновирање на постоечките продавници. Во тековната година ќе се означи и почетокот на изградбата на новото складиште на компанијата во близина на Стара Загора. Во изградбата ќе бидат вложени 13 милиони лева од вкупниот буџет од 49 милиони лева наменети за складиштето, кое треба да почне со работа во 2024 година.
Фото: Billa
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.