„Карлсберг“ ја купува канадската пиварница „Ватерло“ за околу 144 милиони канадски долари. Компанијата произведува крафт пива и пијалаци под сопствени брендови, а нуди и услуги за производи на пива и сајдери.
Според условите од договорот, акционерите на „Ватерло“ ќе добијат по околу три долари за акција. Тоа подразбира вкупна вредност на капиталот на компанијата од приближно 144 милиони долари и вредност на птретпријатието од околу 160 милиони долари.
Се очекува дека овој договор ќе ја засили позицијата на „Карслберг“ на канадскиот пазар.
Пиварницата „Ватерло“ одлично ќе се вклопи во силната култура на „Карлсберг“ и тоа е одлично за нашите вработени, партнери, купувачи, потрошувачи и за заедницата, соопштија од пиварницата.
Се очекува трансакцијата да биде затворена во првата половина од 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.