„Теско“ вложува 14 милиони фунти (16,3 милиони евра) како дополнителна поддршка за индустријата за јајца која е во тешка положба во Велика Британија поради недостигот на јајца во големите супермаркети, вклучувајќи ги „Теско“, „Асда“ и „Лидл“.
За недостигот, трговците ја обвинија најголемата досега епидемија на птичји грип во земјата. Но, производителите велат дека главната причина е што јајцата не се доволно платени кога ќе се пресметаат растечките трошоци за храна и енергија, што некои фарми ги исфрли од конкуренција, а други го намалија капацитетот.
„Теско“ соопшти дека поддршката ќе им ја исплати на добавувачите за да ги покријат трошоците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.