Сoca - Cola, Fanta и Sprite наскоро може да исчезнат од полиците на „Едека“. Најголемиот германски малопродажен синџир не сака да прифати зголемување на бруто продажната цена американскиот бренд на пијалоци што почна да се применува од 1 септември.
Според тоа, компанијата „Кока кола“ го известила трговецот „Едека“ дека засега нема да испорачува повеќе стоки за супермаркетите. При приспособувањето на цената се водеше сметка за сегашното пазарно опкружување со значително зголемување на трошоците за енергетските извори, интермедијарните производи и услугите, објасни директорот за продажба, Флоријан фон Залзен.
Зголемувањето на цените за сите производи и пакувања е просечно во „повисокиот едноцифрен процентуален опсег и затоа е јасно под моменталната инфлација на храната и, на пример, под развојот на цените за многу приватни етикети“.
Ова не е прв пат „Едека“ да има спор со добавувачите. Синџирот супермаркети во моментов е во спор околу цените и со американската компанија „Монделез“, пишува весникот. Една од причините е фактот што во некои земји чоколадата Milka е достапна по многу пониска цена. Полиците за Мilka во „Едека“ моментално се празни. Во спорот со „Пепсико“, пак, „Едека“ од својот асортиман привремено ја отстрани и целата палета на производи на американската компанија, вклучително и Pepsi.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.