Додека порастот на дисконтите забележа стагнација, односно дури и опадна на почетокот од пандемијата, нивниот пазарен удел во неколку европски земји повторно се зголеми минатата година и продолжи да се забрзува и во 2022 година.
Во Велика Британија, на пример, „Алди“ го престигна „Морисонс“ и го зазеде своето место во т.н. „Големата четворка“, најголемите супермаркети во земјата. „Лидл“ е најбрзо растечки трговец во Велика Британија. Комбинираниот пазарен удел на „Алди“ и „Лидл“ сега изнесува околу 17%. Во Холандија учеството на истите два дисконтера во првите седум месеци од годинава се зголеми од 15,7 на 16,3% на годишно ниво. Во Германија на дисконтерите им оди многу подобро отколку на супермаркетите и се очекува порастот да биде двоцифрен. Исто така, во Франција, Шпанија и во Италија дисконтерите продолжуваат да имаат подобри перформанси од другите трговци со прехранбени производи.
Зголемениот удел е силно поттикнат од фактот што секојдневниот живот стана значително поскап за многу Европејци. Тоа доведе потрошувачите со повисоки приходи сè повеќе да мигрираат кон дисконтите при секојдневните набавки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.