Цените на шеќерот во Европа достигнаа десетгодишен максимум, а октомвриските договори на фјучерс пазарот во Лондон се тргуваа по цена од 622,37 евра за тон.
За подоцнежните датуми, цените се движат меѓу 500,30 и 550,30 евра за тон. И покрај растот забележан во август, многу аналитичари беа изненадени од ваквиот развој на ситуацијата. Трендот е сличен на светскиот пазар, но не го следеше огромниот раст што се случи во Европа.
Зошто поскапувањето го зафати европскиот пазар? Се очекува дека обемот на производство во Европа за 2022/23 година да биде значително понзок од минатата година, што им даде поттик на цените. Сувото и топло време летово во Европската унија, третиот по големина производител на шеќер во светот, ќе доведе до помал принос од шеќерна репка, а со тоа и до намалено производство.
Сегашната проценка е 15,8 милиони тони, наспроти 16,65 милиони лани, што е пад од пет проценти. Заедно со Обединетото Кралство се очекува вкупно производство од 16,6 милиони тони, што би било за милион тони помалку од 2021 година. Се очекува потрошувачката да достигне 18,1 милиони тони, а извозот во трети земји е околу 700.000 тони. Франција е прва во ЕУ по производство на шеќер, а на второ место како светски производител од шеќерна репка.
Се предвидува дека Унијата ќе мора да увезе поголема количина од очекуваното. Според пресметките на Комисијата, се очекуваше релативно стабилен увоз од 2,15 милиони тони и извоз од најмалку 3,6 милиони тони, што најверојатно ќе се промени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.