Компанијата ја предизвика носталгијата на 90-тите користејќи мотиви од цртаните филмови на Дизни за да им даде до знаење на младите потрошувачи дека е со нив додека влегуваат во следната фаза од зрелоста и животот.
Во својата нова кампања, компанијата допира до младите потрошувачи за да им го олесни растењето со тоа што лансираше кечап Heinz без додаден шеќер.
Музичкото видео за бајките на Дизни ја раскажува приказната за мало девојче кое сонувало да порасне – за кога ќе созрее, да сфати дека е потешко отколку што замислувала. Одржувањето на нејзините растенија живи и перењето алишта е доволно тешко без дополнителен притисок што доаѓа со постојаното јадење здраво.
Компанијата сака да им помогне на потрошувачите да го решат овој проблем со нов кечап без шеќер. Производот го комбинира одличниот вкус на Heinz со сладоста на билките, помагајќи им на потрошувачите да го намалат внесот на шеќер, изјавија од компанијата.
За дополнително да го промовира својот нов кечап, брендот почна голем број кампањи на социјалните мрежи, нудејќи интерактивни квизови и едноставни совети за готвење на Instagram и Pinterest.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.