КФЦ се здружи со „Пепсико“ - Канада и направија нов вкус на чипсот од брендот Ruffles.
Како резултат на соработката, компаниите ги додадоа вкусовите на КФЦ зачинските билки и зачините од рефрастите чипсови на Ruffles. Новиот чипс од компир, со вкус на пилешко по оригинална рецептура ќе биде достапен на ограничено време. i
Тајниот рецепт на КФЦ е една од нашите најдобро чувани тајни, но не можевме да одолееме на можноста да направиме вкусен производ со толку силен бренд, соопштија од КФЦ - Канада. Од маркетинг одделот на „Пепсико“, пак, известија дека и двете компании имаат наследство од иновативни производи, поради што пилешкиот чипс Ruffles од оригинален КФЦ рецепт им пружа на Канаѓаните единствен и крцкав вкус што е достапен во поголемите малопродажни објекти ширум Канада.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.