Свет

Продажбата на „Карлсберг“ ги надмина нивоата пред пандемијата

23 Aug 2022

Пиварницата „Карлсберг“ ги надмина очекувањата за приходите и профитот во првата половина од годинава, откако приходите од продажба се искачија над нивото пред пандемијата и покрај повисоките трошоци за производство и војната во Украина, објави „Блумберг“ 

Данската компанија соопшти дека нејзиниот приход за првата половина од годината пораснал на 35,45 милијарди дански круни (4,8 милијарди долари), надминувајќи ја консензуалната прогноза на аналитичарите од 33,97 милијарди круни. Компанијата ја зголеми прогнозата за профитот за 2022 година претходно овој месец, откако објави подобра продажба на пиво во Азија и Европа, што успеа да ги надомести повисоките трошоци за енергија и суровини.

Иако пиварницата „Туборг“ ги надмина консензуалните проценки за приспособена добивка, таа објави нето загуба од 5,28 милијарди круни за периодот, за што го обвини отписот од бизнисите во Русија, Украина и Централна и Источна Европа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...