Свет

„Монделез“ го купува Clif Bar

15 Aug 2022

Американската компанија „Монделез интернационал“ ги објави плановите за купување на производителот на енергетски барови „Клиф бар & компани“ за 2,9 милијарди долари.

Компанијата објави дека со оваа аквизиција во својот асортиман ќе ги вклучи производите од брендот Clif, Luna и Clif Kid, со што ќе стане глобална ресторанска франшиза вредна повеќе од милијарда долари.

„Монделез интернационал“ е вистинскиот партнер за нас и веруваме дека ќе нè поддржи во нашиот понатамошен пораст. Ги споделуваме истите цели и култура, а фактот што сега сме дел од глобална компанија со широк асортиман на производи може само да ни помогне да го забрзаме нашиот развој, рече Сали Грајмс, извршен директор на „Клиф бар & компани“.

„Монделез“ ќе продолжи да ги произведува производите на „Клиф“ во своите фабрики во Ајдахо и Индијана, а трансакцијата се очекува да се затвори во третиот квартал.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...