Свет

Годишната прогноза на „П & Г“ ги разочара аналитичарите

01 Aug 2022

„Проктер & Гембл“  ја даде својата прогноза за профитот за целата година, која беше под очекувањата на аналитичарите, бидејќи гигантот за стоки за широка потрошувачка се бори со зголемените транспортни трошоци. Тоа ја намали цената на акциите на компанијата за речиси 4% пред почетокот на трговскиот ден, пренесе „Ројтерс“. 

Пандемските бранови, пренатрупани пристаништа и зголемените цени на суровините влијаат врз бизнисите на производителите на производи за широка потрошувачка.Компаниите ги зголемуваат цените на своите производи за да ги надоместат повисоките трошоци, а тоа сега наидува на одреден отпор од големите трговци на мало, кои стравуваат од слабеење на побарувачката на потрошувачите поради забрзаната инфлација.

Очекуваме фискалната 2023 година да биде уште една година на значајни предизвици,  рече извршниот директор Џон Молер.

Гигантот прогнозираше дека заработката во 2023-та година ќе биде 5,93 долари по акција, што е под очекувањата на аналитичарите од 6,02 долари по акција. Компанијата проценува дека ќе биде погодена од 3,3 милијарди долари од силниот долар и повисоките трошоци за суровини и транспорт.

Посилниот долар обично го намалува профитот за компаниите како „П&Г“ кои имаат глобално работење и ги претвораат странските валути во долари. На приспособена основа, компанијата заработи 1,21 долари по акција за фискалниот четврти квартал, кој заврши на 30-ти јуни, што е малку под просечната проценка на аналитичарите од 1,22 долари по акција.

Цените на производите од брендовите на „P&G“, од „Gillette“ до „Old Spice“ се зголемија во просек за 8 отсто во фискалниот четврти квартал, додека обемот на продажбата се намали за околу 1 отсто.

Компанијата очекува органскиот раст на приходите од продажба да биде помеѓу 3% и 5% за фискалната 2023-та година, од повеќе од 7% за 2022-ра година, што сигнализира забавување на побарувачката на потрошувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...