Свет

Русија: Продажбата на увозно пиво во април oпадна за 30 отсто

27 May 2022

Во април, продажбата на увозното пиво во Русија е намалена за 30, 7 отсто, во споредба со истиот период минатата година. Меѓу главните причини се проблемите со логистиката и гео - политичката криза. 

Органската продажба на овој сегмент е намалена во март 2022 година за 9,5 отсто во однос на истиот период лани, а до април веднаш падна за 30,7 отсто, велат аналатичарите на „Нилсен“. 

Од друга страна, продажбата на руско пиво порасна од 1,8 отсто во 2021 година на 5,9 отсто во април. Локалните пиварници успеаја да ја зголемат продажбата поради повлекувањето на странските конкуренти од пазарот. Но, за значително проширување на нивната понуда и натаму не може да се зборува. Унијата на руските пиварници појасни дека компаниите од Белгија, Холандија и Велика Британија престанаа да испорачуваат пиво во Русија, а продолженото снабдување од Чешка и од Германија не може да ги замени видовите што недостасуваат. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...