Свет

„Алберт Хеин“ ги отстрани бесплатните ќеси за овошје и зеленчук

06 May 2022

Холандскиот трговец „Алберт Хеин“ ги отстрани бесплатните пластични ќеси од одделот за овошје и зеленчук. Се очекува со овој потег трговецот да заштеди 243.000 килограми пластика годишно.

Отсега, потрошувачите можат да користат одржливи ќеси кои може да се перат и се погодни за повеќекратна употреба.

Претходно, трговецот при неговите услуги за испорака на производи, им даваше опција на потрошувачите да ги вратат ќесите кај доставувачот. Иницијативата ѝ овозможи на компанијата одговорно да рециклира 645.000 килограми пластика (31 милион ќеси) годишно.

„Алберт Хеин“ по шести пат е избран за најодржлив синџир супермаркети во Холандија според Индексот на одржливи брендови за 2022 година, најголемото и водечко истражување во Европа во областа на потрошувачките брендови и одржливост.

За да им се овозможи на потрошувачите увид во чекорите што се преземаат во областа на одржливоста, на крајот на април беше објавен извештај за мисијата на трговецот за 2021 година.

Во овој извештај, малопродажниот синџир го споделува својот напредок кон здраво, социјално и одржливо општество, врз основа на неговото верување дека храната и пијалаците играат суштинска улога во ова.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...