Француските потрошувачи започнаа да прават резерви со два основни производи – масло и брашно, од кои голем дел доаѓаат од Украина и Русија. Продажбата скокна за 57 и 55 отсто минатата недела, јави дописникот на МИА.
Според податоците на компанијата за анализа ИРИ, продажбата на масло всушност скокнала за 55 отсто во текот на неделата од 4 до 11 април, во споредба со истиот период минатата година. Продажбата на брашно е зголемена за 57,4 отсто.
Од почетокот на конфликтот во Украина (крајот на февруари), количините на продадено масло се зголемија за 33 отсто во однос на 2021 година и се за 4 отсто повисоки отколку во 2020 година (период на складирање и почеток на првото ограничување за време на кое Французите посветија време на готвење и печење), прецизира ИРИ во својата анализа.
Што се однесува до сончогледовото масло, кое се користи во многу преработени производи, проблемот со недостигот може да се појави после летото. Украинскиот министер за земјоделство на крајот на март оцени дека руската инвазија ризикува да ја преполови следната жетва на жито. Украинците „ќе сеат секаде каде што е можно“, но само „50 до 75 отсто од териториите“ ќе можат да бидат експлоатирани, со оглед на тоа дека многу земјоделци „се приклучиле на армијата или на одбранбената територија“, создавајќи недостаток на работна сила.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.