Во март годинава вкупната трговската размена меѓу Кина и Русија се зголемила за 12,75% (11,7 милијарди долари), покажуваат податоците на кинеската царинска служба.
Што се однесува до првиот квартал од 2022 година, тоа е зголемување од високи 30,45% во споредба со истиот период во 2021 година.
Русија е главен извор на Кина за нафта, јаглен, гас и за земјоделски стоки, наведува Би-би-си. Пекинг засега одбива да ги нарече руските активности во Украина како инвазија, но постојано ги критикува западните санкции кон Русија велејќи дека тие се незаконски.
Пред почетокот на војната Кина и Русија објавија дека влегуваат во стратешко партнерство без граници, потсетува Би-би-си.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.