Свет

„Фереро“ останува во Русија

15 Mar 2022

Во Владимирската област во Русија продолжува со работа фабриката за кондиторски производи на италијански „Фереро“. 

Додека други светски брендови најавија дека си одат од рускиот пазар, „Фереро“ во Русија само ги суспендира комерцијалните активности, како што се рекламните и промотивните активности. 

Одлучивме привремено да ги паузираме помалку важните активности и развојните планови во Русија, како и повеќето други прехранбени компании, соопштија од „Фереро“. 

Руското претставништво на „Фереро“ е отворено во 1995 година. Во 2008 година, „Фереро“ покрена инвестициски проект за изградба на првата првата сопствена фабрика во Русија, во Владимирска област. Таму се произведуваат Kinder чоколадо, Raffaello слатки, Nutella крем и Кinder Surprise чоколадни јајца. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...