Германскиот трговец „Лидл“ вложува 21 милион евра во својата продажна мрежа во Португалија, зголемувајќи ја својата посветеност во тој регион.
Новиот инвестициски циклус првично е наменет за модернизација на пет продавници. „Лидл“ - Португалија одлучи да ја модернизира својата мрежа за да обезбеди поголема близина до потрошувачите, како и полесен пристап до производите и услугите.
Освен што нуди модерно искуство при купувањето, трговецот осигурува и постојано вработување во продавниците со договори на неопределено време.
Продавниците располагаат со продажна површина меѓу 1.100 и 1.400 квадратни метри, а реновирани се во согласност со најсовремените еколошки стандарди. Во одделот за овошје и зеленчук, трговецот во реновираните продавници постави апарат за сокови од портокал. Некои продавници имаат имаат и оддел за печење пилиња, каде производите се подготвуваат, сечат и се пакуваат како оброк.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.