Свет

Белгија одобри четиридневна работна недела

17 Feb 2022

Работната недела наместо пет дена, да биде четири дена, се договорија белгиската федерална влада и здруженијата на работодавачи.

Целта е да се направи работното време пофлексибилно во контекст на пандемијата. 

Со одлука на Владата максималниот работен ден се зголемува од 8 на 10 часа. Со дозвола на синдикатите, секој вработен ќе може да избере соодветен ритам на работа – 5 дена од 8 часа или 4 дена од 10 часа.

Исто така, секој може да избере да работи помалку од една недела на сметка на следната.Работниците кои ќе го побараат тоа ќе можат да работат и до 10 часа дневно доколку синдикатите се согласат, наместо максимум осум како досега, да работат еден ден помалку неделно за иста плата. Тие ќе можат да изберат дали ќе работат повеќе во една недела, а помалку во следната.

Договорот го предвидува и правото на работникот да не му биде достапен на работодавачот по истекот на работното време. Тоа ќе го овозможат компании со над 20 работници.

Тој, исто така, дефинира нови правила за работниците на платформата, оние кои работат за платформи како што е Uber, вклучувајќи нови критериуми според кои тие се сметаат за вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...