Контејнерската компанија „Маерск“ ја купи компанијата „Пилот фрајт сервисес“ за 1,68 милијарди долари, со што ќе го зајакне својот бизнис со копнен транспорт.
Договорот се совпадна со прогнозата за профитот за 2022 година, што се покажа дека е под проценките на аналитичарите. „Марск“, пак, соопшти дека очекува силна прва половина пред „нормализација“ на превозот на почетокот на втората половина.
Компаниите за контејнерски превоз остварија огромни профити во изминатите две години бидејќи метежот во пристаништата и потрошувачите кои купуваат стоки од дома ги зголемија цените за време на пандемијата. „Маерск“ и неговите конкуренти ги користат парите за да го диверзифицираат својот бизнис со засилување на операциите во области како што се воздушниот транспорт и логистиката.
„Маерск“, која транспортира околу една петтина од светските контејнери по морски пат, го насочи своето внимание кон копнената логистика, каде што има поголем потенцијал за раст и повисоки профитни маржи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.