Свет

„Лореал“ претстави боење на косата со помош на паметни технолошки уреди

27 Jan 2022

На една од највлијателните светски технолошки конференции, CES 2022, „Лореал“ ги претстави своите најнови технолошки иновации од областа на убавината, барајќи да ја редефинира целата категорија боење на косата. Двата иновативни уреди ќе го направат процесот на боење на косата поедноставен, побрз и поперсонализиран од кога било досега, како дома така и во професионалните фризерски салони.

Colorsonic, лесен, рачен уред дизајниран за домашна употреба, користи иновативен процес на мешање и рамномерно нанесување на бојата на косата, додека Coloright, систем за боење за стилисти во салоните, користи вештачка интелигенција, алгоритми и виртуелно тестирање за да дизајнира повеќе од 1.500 персонализирани нијанси на бои.

Нашето долговековно искуство и лидерство во боењето на косата им овозможи на нашите истражувачи целосно да го преиспитаат и редизајнираат искуството со боење на косата и во фризерските салони. Раководството на L’Oréal BeautyTech ни овозможува да ги поместиме границите на технологијата со научни откритија кои носат повеќе персонализирани, инклузивни и одржливи искуства за убавина, рече Барбара Лавернос, заменик-генерален директор за истражување, иновации и технологија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...