Свет

„Проктер & Гембл“ ја зголеми прогнозата за приходите

24 Jan 2022

Компанијата за широка потрошувачка „Проктер & Гембл“ ги надмина своите квартални прогнози за приходи од продажба, поддржани од повисоките цени и обновената побарувачка за производи за чистење поради зголемениот број случаи на Ковид - 19.

Цената на акцијата на „P&G“ се зголеми за 1,8% пред почетокот на трговскиот ден, откако компанијата ја зголеми својата прогноза за годишен раст на органски приходи од продажба на 4 - 5% од претходните 2 - 4%.

Од „P&G“ велат дека продажбата на нејзиниот оддел за домашни производи – најголемиот сегмент во компанијата, кој вклучува брендови како Tide и Mr.Clean порасна за 7% во вториот квартал на годишна основа. Причината за ова е брзото ширење на омикрон варијантата на коронавирусот од крајот на минатата година, што ги натера потрошувачите да складираат детергенти и производи за чистење на различни површини.

Вкупните нето  -продажби се зголемија за 6% на 20,95 милијарди долари во кварталот на годишна основа, поддржани и од зголемувањата на цените што компанијата ги воведе во минатата година за да се справи со повисоките трошоци за суровини и транспорт. Просечната прогноза на аналитичарите беше 20,34 милијарди долари приход.

„P&G“ соопшти дека сега очекува да претрпи удар од 2,8 милијарди американски долари за транспортот и трошоците за суровини во оваа фискална година од претходната прогноза од 2,3 милијарди долари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...