Свет

„Алди“ ја отвори првата продавница без каси

21 Jan 2022

„Алди“ ја отвори својата прва продавница без каси, лоцирана во Лондон.

Продавницата беше неколку месеци тестирана од вработените и сега е отворена за купувачите. Објектот, на улица „Гринич хајг стрит“ им овозможува на потрошувачите да го завршат купувањето без скенирање на производите или чекање пред каса. Тие само треба да ја преземат апликацијата Aldi Shop & Go, која им овозможува да влезат во продавницата, да купат артикли и потоа едноставно да излезат. Кога купувачот ќе излезе од продавница, се врши автоматска наплата по пат на избраниот начин за плаќање, а сметката се наоѓа во апликацијата. 

Технолошкиот провајдер е „АјФај“, а системот користи посебно поставени камери да детектираат кои производи купувачот ги зел, пред да ја извршат наплатата со Aldi Shop & Go налогот при напуштање на продавницата.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...