Свет

Унгарија ќе ги намалува цените

13 Jan 2022

Унгарската влада од февруари ќе донесе уредба за намалување на цените на шест основни прехранбени производи, изјави премиерот Виктор Орбан, најавувајќи мерки за намалување на инфлацијата.

Орбан прецизира дека од следниот месец цените на брашното, шеќерот, сончогледовото масло, млекото, свинското месо и пилешките гради мора да се намалат на нивото од средината на октомври.

Цените растат низ Европа поради поскапувањето на енергенсите, рече Орбан во видео пораката по состанокот на владата.Тој посочи дека намалувањето на цените мора да се применува низ целата земја, јавија унгарските медиуми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...