Свет

Пред продавниците на „Реве“ ќе се полнат електрични автомобили

10 Nov 2021

Германската групација “Реве груп“ потпиша стратешко партнерство со компаниите „Шел“ и „ЕнБВ“ за изградба на една од најголемите и најмодерни мрежи за брзо полнење на електрични автомобили во Германија. 

До крајот на 2024 година, најмалку 400 одбрани продажни места на „Реве“, како и други објекти, ќе бидат збогатени со 2.000 станици за брзо полнење на електрични автомобили. Покрај тоа, трговецот има за цел да постави 4.000 дополнителни станици за полнење на недвижности што ги поседува и пред нови згради. 

Сега, 130 малопродажни места во Германија имаат инфраструктура за полнење. Вкупно во Германија постојат околу 26.000 станици за полнење електрични автомобили, од кои 10 отсто ги обезбедува малопродажбата. 

Според податоците на Сојузната управа за моторен транспорт, во Германија кон крајот на октомври годинава имало 1,1 милион електрични автомобили.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...