Европа ги очекува најлошите приноси на мед во историјата. Причина за тоа се климатските промени, сезоната на цветање која започна порано и траеше пократко, мразот и лошите временски услови кои им нанесоа големи штети на пчеларите.
Француските пчелари очекуваат најлоши приноси на мед во последните децении - невообичаено студеното и влажно време ги спречи пчелите да го произведуваат.
Француското здружение на пчелари УНАФ соопшти дека според информациите добиени од регионалните здруженија се очекува приносот за оваа година да биде меѓу 7.000 и 9.000 тони, што е една третина од собраните количини во 2020 година.
Ова ќе бидат најлошите приноси во историјата на нашата организација, најлоши во последните 50 години, рече претседателот на УНАФ, Кристијан Понс.
Тој рече и дека пчеларите низ Европа имаат слични проблеми поради неповолните временски услови и климатските промени кои ќе имаат трајно влијание врз производството. Климатските промени со кои се соочуваат во последните 15 години, сега го земаат својот данок и дека годишните времиња на цветање стануваат сѐ пократки. Посочуваат дека во многу делови од таа земја сезоната на пасење завршува по јули, а порано траела неколку недели подолго.
Поради се, багремов мед годинава практично нема да има, втора година по ред, додека производството на мед од костен и сончоглед било многу слабо. Разочарувачка е и жетвата на шумски, планински и борови дрвја бидејќи сезоната на цветање беше прекратка, а добар принос даде само онаа од лаванда во медитеранскиот југоисточен дел на земјата, објави УНАФ.
На климатските промени се жалат и пчеларите од Словенија. Петер Козмуш од словенечкото здружение на пчелари вели дека годината е многу лоша и дека речиси 80 отсто немале приноси. Порталот наведува дека слична е ситуацијата и во Италија и дека одгледувачите го зголемиле бројот на кошници за да преживеат.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.