Швајцарскиот малопродажен синџир „Мигрос“ претстави приватна трговска марка на тврдо варени јајца на растителна основа, за кои тврди дека се први вакви во светот.
Лансирани се под брендот V - Love The Boiled и овој месец ќе бидат претставени во одбрани продавници во Цирих, Базел и Женева. „Алтернативното јајце“ го разви истражувачкиот центар на „Мигрос индустри“ во Швајцарија, како резултат на повеќегодишни истражувања. Јајцата ги произведува компанијата „Елса“, подружница на „Мигрос“ во Швајцарија.
V-Love The Boiled јајцата се направени од протеини на соја и се состојат од две различни маси. Во тек на производството, надворешната бела обвивка е исполнета со жолчка на база на зеленчук.
Производот ќе биде достапен во пакувања од по 4 парчиња.
V-Love е вегетаријанскиот бренд на „Мигрос“, лансиран во 2020 година. Асортиманот вклучува повеќе од 100 производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.