Британското регулаторно тело за заштита на конкуренцијата отвори истрага за купувањето на трговскиот синџир „Морисонс“ за 7 милијарди фунти (9,6 милијарди долари) од американската приватна инвестициска групација „Клејтон, Дубилиер & Рајс“.
Од Агенцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот соопштија дека малопродажниот синџир треба да продолжи да води независен бизнис со сопствениот менаџмент.
Од „Клејтон, Дубилиер & Рајс“ и „Морисонс“ не ги коментираат најновите случувања, а од седиштето на агенцијата велат дека не ја забрануваат аквизицијата сѐ додека двете страни ги почитуваат поставените ограничувања.
Во август американскиот инвеститор соопшти дека правото на пензија на менаџерскиот тим и на вработените во „Морисонс“ ќе биде целосно заштитено, кога нивната понуда за преземање ќе биде официјално одобрена.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.