Свет

По 20 години: Ново лого на чипсот Pringles

27 сеп 2021

Иако е познат по своето лого - карактеристичен лик со мустаќи - популарниот чипс Pringles направи голема промена, првпат по 20 години. Го смени логото.

Компанијата одлучи да го модернизира познатиот лик, па така, после трансформацијата, господин P (наречен Џулиос Принглес) ја изгуби косата. Сега е во модерен стил на емотикон, кој вклучува нови образи и нова црвена пеперутка машна. 

Освен логото, и култните лименки добија нов изглед. Имаат посветли и помодерни пакувања кои ја истакнуваат палетата на вкусови на Pringles. 

Оригиналниот господин P го дизајнираше Арч Друмонд во Њујорк во 1967 година. Оттогаш, маскотата стана глобална икона, а еднаш дури и беше гостин во серијата „Симпсонови“. 

Од појавувањето на Pringles на пазарот, господин P шест пати го менуваше изгледот за да биде во тек со времето, но овој дизајн направи најголема промена. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...